7 знаци дека на вашата веб страна и треба генерален ремонт или ви треба нова страна

Се чита за: 3 минути

 

Како што веќе знаеме Вашата Веб страна е место број 1 за маркетинг на вашиот бизнис.  Ако кажете дека немате буџет за Веб страна тоа е како да кажете  дека немате пари за да платите фирмарина ( дали е дооел или доо сосема небитно). Порано или подоцна ќе се соочите со големи проблеми, ако не издвоите пари за највредната инвестиција во вашиот бизнис, сопствена Веб страна!

Затоа мора да имате Веб страна , истата не мора да биде фенси и скапа, но треба да постои и треба да може да ја најдат пребарувачите. Точка.

 

Што држите во рака додека го читате овој блог?

Брзиот развој на технологијата и интернетот станува се повеќе и повеќе дел од нашиот секојдневен живот.

Веб страната што ја направивте пред неколку години најверојатно денес нема никаква функција .

Има многу Веб страни на кои им треба генерален ремонт или пак треба да се направи се одново, ако сакате подобар маркетинг и зголемена продажба.

 

Дали е време да направите ремонт на вашата Веб страна?

Ова се 7 сигурни знаци  за генерален ремонт на вашата Веб страна  или дека треба да направите се одново.

Нека ова биде на врвот на вашата листа на приоритети до крајот на годинава. Проверете сами!

 

  • Не е ни приближно пријателски настроена кон твојот мобилен телефон (mobile friendly)

Просечно во светот 52,2 % од целиот сообраќај денес доаѓа од мобилни телефони, што значи дека е исклучително тешко да се одржи конкурентска предност со Веб странакоја не е mobile friendly. Дополнителнио овој просек кај нас оди преку  80%.

  10 причини да имате своја веб страна

Ако вашата Веб странане одговара на различни мобилни уреди или, уште полошо, воопшто не се вчитува на мобилен телефон а во најлош случај има Flash, време е за генерален ремонт.

 

  • Се вчитува со брзина на полжав

Бавната  Веб странане е само навреда за корисникот, туку ова  има негативно влијание врз рангот кај пребарувачите, што пак отежнува луѓето да ве најдат.

Google PageSpeed ​​Insights е бесплатна алатка која може да ја искористите вњеднаш за да ја анализирате брзината и да видите во каква форма е вашата Веб страна.

 

  • Едноставните промени се тешки за правење па барате во телефонот кој ја направил страната

Деновите кога беа потребни напредни вештини за кодирање и компјутерско волшебство за да направите неколку ажурирања на вашата веб страна , се завршени.

Повеќето Веб странаи  денес даваат можност да ги менувате и додавате страните и текстовите преку уредничкиот панел без потреба од никакво знаење за кодирање.

Ако од помислата за ажурирање на вашата Веб странаимате инстант главоболка, размислете да инвестирате во нова. Генералниот ремонт тука е залуден.

 

  • Застарен дизајн

Ако вашата Веб страна изгледа застарена, идните клиенти веројатно ќе го изберат бизнисот што остава најдобар впечаток и имајќи чиста, лесна страна, може да направите чуда за имиџот на вашиот бизнис.

 

  • Вашата индустрија се смени

Речиси секоја индустрија се менува со годините. Ако резервациите преку Интернет постојат во вашата индустрија, тогаш на вашата Веб страна мора имате резервации во спротивно ризикувате да бидете позади конкуренцијата.

 

Сајбер безбедноста е нешто за што многу се збори периодов. Клучно е вашата веб страна безбедно да управува со чувствителните информации како што се податоците за клиентите. Инвестирањето во SSL сертификат ви помага да ги заштитите корисниците на вашата веб страна од кражба на информации со криптирање на податоците.

  5 совети за успех на вашата веб странa

Ако вашата Веб страна не почнува со https:// час поскоро реагирајте.

 

  • Не ви носи повици

Функцијата на Веб страната е да обезбеди корисни информации за посетителите и да носи нови клиенти за вашиот бизнис.

Ако вашата сегашна Веб страна не носи повици или ве нема при пребарување на Интернет, таа не ја врши основната функција – побргу да ве пронајдат.

 

Дали е време за нова Веб страна? Ако препознавте барем еден знак, време е да направите ремонт на вашата Веб страна  а ние сме тука да ви помогнеме.


 

Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.