5 совети за успех на вашата веб странa

Се чита за: 2 минути

 

Веројатно најидеален пристап за да се направи добра и успешна Веб страна е да размислите за секоја страна како различна, посебна единица која треба да генерира приход. Вашата Веб страна треба да е читлива и занимлива. Додека во нејзината основа мора да има „предлог или копче за повик на акција“ кој ќе носи продажба.

Замислите ја вашата Веб страна внимателно

Откријте зашто е потребна секоја страна и рафинирајте ја својата порака со тоа што ќе го искористите максимумот од секој збор. Запрашајте се што се обидувате да постигнете со вашите наслови, содржини, фотографии и текстови.

Размилувајте како вашите клиенти

Клиентите и вашите потенцијални клиенти може да ја посетат вашата Веб страна со цел да направат една или повеќе различни работи. Изградете ги страните на вашата Веб страна следејки ги активностите на клиентите и вашите потенцијални клиенти. Дали гостинот на вашата Веб страна се обидува да стапи во контакт со вас, купи или праша за цена? Остварувањето на таа цел ќе ви овозможи да дознаете што треба да поставите на  вашата Веб страна.

Внесeте итност за да се превземе акција

Моќната Веб страна треба да има зајакната доза на итност да се превземе акција. Една од најдобрите стратегии за добра реакција од клиентите и потенцијалните клиенти е да се направи контакт, продажба или сигурен договор за продажба.

Тоа е техника за придвижување на клиентите и потенцијалните клиенти преку решавање на некој проблем кое води кон понуда и продажба. Зборовите како „побрзај“ и изрази како: „само денес“, „ограничени количини“ и „кликни овде“ ќе им дадат на страните на вашата Веб страна динамична итност за да ги трансформираат потенцијалните клиенти во  клиенти.

  Google My Business (GMB) - Вашето тајно оружје за зголемување на продажбата

Направете ја вашата Веб страна едноставна

Направете ја вашата Веб странаедноставна за навигација. Добар специјалист за Веб страна може да ги тргне пречките во контакт, нарачка или продажба кои може да ги има вашата Веб страна. Поставувањето на структурата на вашата Веб страна мора да е природно, така да кога некој посетител ќе се врати, остане дополнителни 30 тина секунди за да ја прелиста дури Веб странасо ЧПП.

Бидете актуелни

Скршените линкови на страни и застарените податоци личат на продавница со скршена и уништена роба. Никој не купува оштетени производи и уште пострашно, купувачите ќе се преиспитаат пред да ја посетата таквата Веб страна повторно.

Кога имате Веб страна одржувајте ја содржината. Има страни кои се менуваат можеби на неколку години но страните каде имате тековна, жива содржина треба да бидат актуелни. Не продавајте лампиони за време на летни одмори.

Најверојатно ќе има страни на вашата Веб страна што имате намера да бидат нагласени. Кога ќе ги поканите гостите да ја посетат вашата Веб страна, нудите наслови и содржини, но праќате и сигнал за  дополнително барање или активност. Една точка може да ве чини многу а вистинските сигнали и повик на акција креираат Веб страна која носи продажба.


 

Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.