Зошто малите бизниси имаат потреба од дигитален маркетинг е прашање кое редовно го поставуваме. Малите бизниси со ограничени буџети за маркетинг се борат рамо до рамо со националните и меѓународни бизниси кога станува збор за маркетингот и продажбата.
Денес, малите бизниси немаат други опции, туку да се натпреваруваат со големите кои имаат многу поголеми маркетинг буџети и цели сектори кои го работат ова.
Промени во навиките на потрошувачите
Луѓето се повеќе се преокупирани со технологијата. Се будиме со мобилниот уред во рака и преку цел ден е наш придружник.
Затоа секој бизнис треба да биде онлајн за да напредува денес. Но, за жал, ние сме последни во Европа затоа што само 5% од бизнисите се со вистинско онлајн присуство.
Зошто? Затоа што навиките и очекувањата на клиентите и купувачите се променија и речиси секој има пристап и редовно го користи интернетот.
Повеќето од нас, кога за прв пат ќе слушнеме за некој бизнис, веднаш бараме веб страна или профил на социјални медиуми каде што може да дознаеме повеќе информации за тој бизнис.
Втората опција е кога се јавуваме во продавницата или компанијата, но секако откако ќе добиеме информации од веб страната или нивниот профил на социјални медиуми.
Дисрупција на целиот маркетинг
Дигиталниот маркетинг станува главен инструмент за спроведување на кампањите и продажбата за малите бизниси. Во денешниот високо напреден и дигитален свет, традиционалниот маркетинг станува се понепродуктивен.
Начинот на кој бизнисите комуницираат со купувачите и ги промовираат своите производи и услуги, драматично се револуционизира откако дигиталниот маркетинг се искачи на врвот.
Повеќе не е сè резервирано за големите бизниси. За разлика од традиционалниот, дигиталниот маркетинг целосно го наруши маркетингот во цел свет и кај нас.
Дигиталните маркетинг стратегии и тактики мора да варираат од еден бизнис до друг. Мора да се имаат претходно дефинирани стратегии, за малите бизниси и да работат според сопствениот избор. Притоа сегогаш треба да имаат во предвид колку нештото што го прават им помага во маркетингот и продажбата.
Клучни придобивки од дигиталниот маркетинг
Следниве се главните придобивки од дигиталниот маркетинг за малите бизниси, доколку се заснова на добра анализа и се спроведува по стратегија и план кои сме го поставиле :
Поврзување со купувачите:
Со своето онлајн присуство, малите бизниси цврсто се врзуваат со својата база на клиенти, бидејќи над 80% од корисниците во Македонија го користат интернетот.
Освен тоа, различните дигитални алатки можат да направат значителна разлика.
Високо персонализирана комуникација :
Традиционално, малите бизниси немаат лесна комуникација и интеракција со своите клиенти. Преку добро планиран маркетинг на социјални медиуми, малите бизниси можат ефикасно да ги ангажираат потрошувачите. Притоа може да добијат клучни информации за тоа кои се нивните потреби. Тоа пак им помага да ги насочат промотивните пораки и кампањи да се повеќе персонализирани а со тоа и поуспешни во продажбата.
Повратни информации:
Социјалното слушање (social listening) е одличен начин да се разбере кое е вистинското мислење за вашиот бизнис непосредно од потрошувачите. Креирано и спроведено преку интернет за да се измери што потрошувачите размислуваат за вашиот бизнис, услуги и прозиводи. Социјалното слушање помага да ги разберете вистинските причини и факти. Следно е да започнете да работите на отстранување на недостатоците. Секогаш постои простор за подобрување, а ова е најдобрата атехника.
Зголема рентабилност:
Дигиталниот маркетинг им овозможува на малите бизниси да генерираат подобар CPL (цена по потенцијален купувач – lead,), за разлика од традиционалните маркетинг методи.
Континуирана конкуренција:
Конкуренцијата е дефинитивно зголемена во секој бизнис сектор. Но со дигиталниот маркетинг, вашите шанси за подобро натпреварување со поголемите играчи на пазарот се подобруваат.
Вашиот бизнис ќе користи исти алатки и стратегии како и сите останати бизниси, со многу пониски буџети.
Ако сте претприемач кој треба да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како да ја интегрирате во вашиот бизнис модел, постојаното учење или работа со професионална дигитална маркетинг агенција е вистинскиот пат кон успех. .
Дури и ако не се занимавате со дигитален маркетинг на дневно ниво, постојаното учење или работа со професионална дигитална маркетинг агенција ќе ви помогне да ги разберете сите потенцијали и можности што ги нуди дигиталниот маркетинг за да можете да ги менаџирате луѓето кои работат за Вас.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.