2020 година е скоро зад аголот (сакале или не) и има многу возбудливи случувања и промени во светот на маркетингот.
Ако погледнете како се развива маркетингот, напредокот од едноставно рекламирање до она што е денес е прилично неверојатен.
Но, со развојот на технологијата, како и промените во перцепцијата околу маркетинг-екосистемот, значи дека 2020 година ќе донесе интересни трендови.
Пораст на гласовното пребарување
Гласовното пребарување е game changer во последниве 5 години, но минатата година немаше голем раст.
Со растот на системите за (smart) паметни звучници како Amazon Echo и Google Home, постои можност брендовите да се свртат кон рекламирање на паметните звучници.
Гласовното пребарување е сеуште новороденче.
Она што сепак треба да прават брендовите е да го преземат првиот чекор кон оптимизирање на нивната содржина за гласовно пребарување.
Според Google на светско ниво 20% од сите пребарувања на Google сега се направени преку гласовно пребарување. Она што е уште попрофитабилна можност е дека скоро 71% од сите корисници на мобилна телефонија помеѓу 18 и 29 години користат говорни асистенти на своите паметни телефони.
Ова претставува огромна можност да ги насочите своите напори кон миленијалците преку SEM реклами, повеќе од традиционално користените платформи како Snapchat и Instagram.
Корисничко искуство & маркетинг
Корисничкото искуство историски не е во фокус маркетингот и го работеа најчесто посебни специјализирани тимови.
Ова веќе нема да биде случај во 2020 година.
Маркетарот на пазарот повеќе не може да сте само доставувач на информации на пазарот. Потрошувачите стануваат попаметни и поштедливи, повеќе нема потреба да се спамира и да се претерува со информации до кои корисниците веќе можат да пристапат (иако спамирањето постоело, постои и ќе постои).
„Повеќе не маркетирате кон луѓето. ‘Наметнувате влијане врз нив во околина каде што веќе имаат шанса да формираат свои ставоови. “- Kristin Lemkau, CMO, JPMorgan Chase
Наместо тоа, ќе има промена во обезбедување на убаво корисничко искуство за клиентите како персонализација и ангажман. Целта е да се обезбеди непречено и ангажирано искуство со клиентите за да се обезбеди најрелевантна содржина за нив.
Иако некои индустрии се милји пред своите врсници (електронската трговија е одличен пример), многумина сèуште само ги поставуваат темелите.
Не се изненадувајте кога ќе видите дека се повеќе функции на CX искуството (корисничкото искуство) се прелеваат во маркетингот во 2020 година и наредните години.
Продолжува растот на Chatbot-овите
Chatbot-овите постојат веќе неколу години. Но, сеуште има ретки случаи кога chatbot всушност обезбедуваaт добро корисничко искуство и разговор.
Помислете на последниот пат кога сте користеле chatbot. Дали искуството беше подобро од разговорот со некого во живо?
Најверојатно не.
Сепак, според неодамнешната студија на „Јунипер мрежи“ , Chatbot-овите со AI ќе им помогнат на малите компании да ги намалат трошоците за 439 милијарди долари на годишно ниво и да ја зголемат продажбата за 112 милијарди долари, до 2023 година.
Компаниите почнуваат да сфаќаат дека Chatbot-овите даваат огромна можност да се оптимизираат, персонализираат, конвертираат, па дури и проактивно да водат разговори со клиентите за да помогнат во зголемувањето на продажбата.
Ова може да се направи дури и на социјални платформи, како Facebook, со прекрасните алатки кои ги има таму, како што е MobileMonkey кои помагаат да се автоматизира пораката на една од најголемите платформи за ангажмани денес.
Не само што B2C брендовите ја користат оваа можност. B2B компаниите се очекува да користат Chatbot-ови исто толку за генерирање лидови, откривање на нови можности и услуги за клиентите.
Промени во социјалните медиуми
Социјалните медиуми постојат неколку децении. Постојаниот раст, новите платформи како „Тик Ток“ ја прават играта поинтересна.
Во 2020 година, социјалните медиуми ќе продолжат да се развиваат во многу области, но има три големи фокусни точки кои треба да се следат.
Повеќе регулативи и промени
До 2020 година, социјалните платформи ќе бидат порегулирани.
Во 2019 година имавме големи судски случаи против технолошките гиганти поради агрозување на приватноста и податоците. Проблеми околу социјалното здравје, како и лажните вести, исто така, ќе бидат на врвот на листата.
Со ре-изборот на Трамп, ќе има повеќе вести околу политичарите, лажни изборни вести, руски хакери и многу повеќе.
Забележани се и грижи за социјалното здравје, особено околу генерацијата Z и миленијалците. Примери на платформи кои веќе учествуваат на работа на оваа поле е Инстаграм каде во некои земји како Канада и Австралија е извршено отстранување на лајкови од постови.
Ова ќе значи дека технолошките компании ќе бидат под лупа за нивната социјална активност и податоците повеќе од кога било.
Социјална трговија
Интеграциите во социјалната трговија се историски бавни во земји како Европа и Северна Америка.
АПАК земјите ја водат играта на ова поле.
Потрошувачите во овие региони веќе купуваат преку социјални канали (особено преку инфлуенсери) а платформите како Инстаграм ги поставија темелите за користење на социјалната трговија на запад.
Инстаграм во 2019 година овозможи функционалности за да може купувачите да купуваат директно . Ова значи дека корисниците сега можат да купуваат директно од постови.
Овој тренд се очекува да расте уште повеќе.
Демографски поместувања
Социјалните платформи како Instagram и Snapchat претежно претставуваат маркетинг платформа на миленијалците и генерацијата Z.
Ова веќе нема да биде случај во 2020 година.
Социјалните медиуми се менуваат додека повозрасните се приклучуваат .
„Корисниците на Инстаграм се многу постари отколку што луѓето често си замислуваат“, вели Симон Кемп. „Има повеќе од 45 до 54 годишни деца кои користат Инстаграм отколку што има од 13 до 17 годишни“.
Поинтересни контент маркетинг содржини
Рекламите се попаметни.
Рекламирањето веќе не е масовно спамирање преку билборди или флаери, па дури и да се во дигитални формати.
Бизнисите одат кој нови технологии како што се VR / AR, .
Еве одличен пример:
Спортската индустрија е огромен пазар со голема конкуренција како Nike и Adidas кои го предводат фронтот. Во вакви услови, за да се истакнете на пазарот, вашата содржина треба да се истакне и да биде впечатлива.
Reebok го стори токму тоа.
Со инсталирање на камера за мерење на брзината дел од излог со патики поставен во внатрешноста на билборд во Стокхолм, Reebok го собра вниманието на сите. Претрчајте покрај екранот побрзо од 17 км на час и ќе добиете нов пар ZPump 2.0 патики.
Иако ова не е првпат некој да го стори тоа, ова е сепак е одличен пример за тоа како интерактивната содржина го зазема светот на рекламирањето.
Содржината во VR / AR, си добива свое место.
IKEA ова го започна уште во 2013 година со својата мобилна апликација, но многу други компании се придружуваат, вклучувајќи ги Pepsi и Shopify.
Иако вна VR / AR, отсекогаш се гледаше повеќе како на замислен концепт, потрошувачите стануваат се потешки за придобивање преку стандардни форми на содржина и брендовите сфаќаат дека ова е една простор за производство на интерактивна содржина.
Pokemon Go е одличен пример за применливa употребa на VR / AR, во гејминг сегментот.
Резиме
2020 година ни носи возбудлив период за маркетингот со многу нови технолошки развој, но и промени во перцепцијата.
Маркетингот повеќе не е реклама, туку има многу поширока функција со поголе акцент на корисничкото искуство па се до новите форми на интересна содржина.
Гостински пост на: Richard Liu
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.