Конечно, комплетен курс за дигитален маркетинг и продажба!

Овој курс е комбинација на онлајн едукација и практични hands-on вежби со цел брзо да почнеш да работиш и креираш дигитален маркетинг.

Што е allonweb?

allonweb = теорија + пракса 


allonweb е комбинација на онлајн едукација и пракса. Што значи дека целта не е да “бубаш” теорија, туку веднаш во пракса да го примениш знаењето што си го стекнал за време на обуката.


allonweb е резултат на многу години онлајн и офлајн работа во маркетингот и медиумите, создаден со цел да ти овозможи брзо стекнување на знаења за дигиталниот маркетинг и ја разбереш големата слика како успешно започнеш да работиш на повеќе канали на промоција.


Започнувајки од 13 март во наредните  20 недели, 2 пати неделно ќе добиваш нови обуки и предавања кои ќе покриваат дел од материјалот. Секоја обука и  предавање се состои од практични примери и упатства кои објаснуваат, чекор по чекор, како веднаш да го направиш тоа што е потребно.

allonweb он-лајн едукација

Онлајн делот од allonweb едукација е сочинет од 80 видео обуки и предавања кои содржат инструкции,

објаснувања, теорија, примери и едукација за дигитален маркетинг.


Курсот е поделен на 8 клучни поглавја кои опфаќаат сè од дигитален маркетинг согласно нашата allonweb методологија:


1.Развивање на стратегија за дигитален маркетинг
2.Kреирање содржина која продава производ или услуга - блог, фотографија, видео и подкаст
3.Креирање на веб-страница на allonweb платформата
4.Креирање на сет лендинг страни и поставување на дигитална продажна инка
5.Креирање на маркетинг продажни кампањи на MailChimp
6.Креирање на Google my business, Facebook, Instagram и LinkedIn кампањи
7.Креирање на Google AdWords кампањи - Search, Display, YouTube
8.Користење на Google Analytics


Се ова е презентирано и поставено чекор по чекор. Твое е да ги следиш чекорите со гледање на дел од видео обуките и предавањата, потоа изработиш задача и така минуваш низ сите поглавја. Сè е многу едноставно и имаш инструкции и поддршка во учењето.

На овој начин постепено ја поминуваш целата академија како тебе ти одговара. Можеш да учиш секој ден по малку или пак за време на викендите да поминеш повеќе за неколку часа. Ти решаваш кога, како и со кое темпо ќе учиш.

По завршување на секој дел од allonweb курсот за дигитален маркетинг, решаваш практични задачи. Секогаш можеш да поставиш прашање ако негде заглавиш, но, исто така и да видиш што направиле другите студенти.

allonweb практична работа

Практичниот дел од allonweb програмата се одржува во живо на нашата затворена Facebook група, тука сите работилници можеш да ги гледаш во реално време. Потоа можеш да се навраќаш на снимките од работилниците со практична работа на нашите Facebook и YouTube канали.

Како студент учествувааш со поставување прашања преку Facebook групата затоа не е важно каде си, секогаш можеш да се вклучиш во работилниците!

Учествуваш во работилниците со практична работа ако си поминал дел од одредено поглавје и си ги решил зададените задачи. Со својот пример учествуваш во практичните работилници.

Во текот на 1-2 часа колку трае работилницата, твојот пример на секој студент се разработува и заедно се предлага најдобра стратегија за да веднаш започнеш да го практикуваш наученото. Така може да добиеш повратна информација не само од нас, туку и од сите учесници.

Заедно ги прилагодуваме термините на практичните работилници на желбите и распоредот на секој студент. Секој понеделник испраќаме прашалник до секој студент, кога си слободен да учествуваш во практичната работилница.

Исто така, снимките од практичните работилниците остануваат секогаш достапни за тебе како наш студент.

Во рок од 20 недели, колку трае курсот, ќе имаш пристап до сите видео обуки и предавања кои можеш да ги гледаш неограничено од било кој уред, било каде и било кога ќе посакаш. На овој начин знаеме дека ќе имаш доволно време за секоје поглавје и дека успешно ќе го совладаш материјалот.

Google Академиja за дигитален маркетинг

Факултативно како наш студент добиваш и менторство за Google Академиja за дигитален маркетинг.
Со завршувањето на академијата се стекнувате со меѓународно признаена диплома за дигитален маркетинг од Interactive Advertising Bureau (IAB), Google и The Open University.


Преку наше менторство веќе се дипломирани над 90 студенти во текот на 2018-2020 година.


Зошто allonweb он-лајн курс?

Онлајн курсот е најдобриот начин да совладаш определена тема во дигиталниот маркетинг. 


Дополнително со практична hands-on работа, веднаш по секој час претставува најквалитетнтата и најбрза метода на учење.

Зошто?

Еднодневните офлајн курсеви се исклучително тешки и многу е тешко да се одржи концентрацијата во период 7-8 часа.


Дополнително голем број работи недостасуваат или остануваат нејасни. Кај нас секоја лекција и поглавје може да ги видиш неограничен број на пати, се додека не ти е сосема јасно што треба да направиш во пракса – и тоа веднаш.


Што ако имаш прашање?


Во текот на следните 20 недели додека трае курсот, имаш можност во затворената Facebook група да поставиш неограничен број на прашања и да добиеш одговор на секое од нив.

Што после завршување на курсот?

По завршувњето на курсот можеш да ја продолжиш едукацијата и да присуствуваш на сите практични работилници.


Ако не сакаш да продолжиш имаш пристап до снимките од работилниците, единствено ќе го изгубиш пристапот до он-лајн едукативниот материјал и работниот домен што си го креирал.

Дали материјалите ти остануваат?


Се разбира по завршувањето на курсот сите материјали можеш да ги задржиш и тоа на нашиот хостинг каде имаш екстра техничка подршка во текот на цела година, за само 47 евра на годишно ниво.


Твојата ландинг страница, веб страница и се што ќе креираш останува твое.

Работа

Со самиот упис влегуваш во нашата база на сертифицирани студенти.


Ова ти овозможува да се пријавуваш за работни места што редовно ги објавуваме во рамките на allonweb заедницата или да објавуваш потреба од сертифицирани студенти ако си претприемач.


Дали овој курс е за тебе?

Овој курс е за тебе?


Овој курс е за тебе ако сакаш вистински да ги разбереш сите потенцијали на дигиталниот маркетинг и да ги совладаш сите детали од овој занает.

Ако работиш дигитален маркетинг, овој курс ќе ги пополни сите дупки кои ги имаш и ќе го подобриш постоечкото знаење.

Ако си претприемач кој треба да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како да ја интегрираш во твојот бизнис модел - овој курс е за тебе.

Дури и ако не се занимаваш со дигитален маркетинг на дневно ниво, курсот ќе ти помогне да ги разбереш сите потенцијали и можности што ги нуди дигиталниот маркетинг за да можеш да ги менаџираш луѓето кои работат за тебе.

Ако си вработен во маркетинг агенција и сфаќаш дека дигиталниот маркетинг е неизбежен дел од маркетингот - овој курс е за тебе.

Овој курс не е за тебе?


Овој курс не е за тебе, ако мислиш дека со “инка ќе може да ти ставиме знаење во твојата глава”.


Ќе мора да научиш сам да пробуваш, тестираш и примениш се што ќе научиш.

Овој курс не е за тебе ако имаш "само" Фејсбук страница или профил на Instagram и немаш намера да го развиеш своето он-лајн присуство на други канали во иднина.

Овој курс не е за тебе ако го гледаш како трошок, а не како инвестиција.


Ако додека го читаш ова не помисли колку пати и како ќе ги вратиш инвестираните пари, овој курс дефинитивно не е за тебе.

Овој курс не е за тебе, ако очекуваш да научиш “брзи трикови” како со магично стапче ќе направиш продажби на твоите производи или услуги, “триковите” не даваат резултати на долг рок и би сакале да не си на овој курс.

Што ќе научиш на овој курс?

- како да направиш евалуација на маркетингот за било кој клиент
- како да поставиш дигитална маркетинг стратегија
- wordpress - скриениот адут на Google
- како да направиш веб страна
- каква веб страна треба за секој клиент
- поставување на дигитална продажна инка

- поставување на магнети за продажба и landing страни
- креирање содржина која продава производ или услуга и создава твои следбеници
- креирање на видеа за продажба за социјалните мрежи
- креирање на фотографии за продажба за социјалните мрежи
- креирање на подкаст за продажба за социјалните мрежи

- Google my business рекламирање

- рекламирање на facebook
- рекламирање на instagram
- google рекламирање
- youtube рекламирање
- Linkedin рекламирање
- google статистика
- Email marketing
- оптимизација за пребарувачи (seo)
- facebook messenger маркетинг / chatbot-ови



Предавачи и ментори

Ванчо П. Костурски

Консултант за дигитален маркетинг

Билјана Бејкова

Експертка за односи со јавност

Томислав Коцевски - Пепси

Продуцент

Проф. д-р. Предраг Кировски

Психијатар

Цена на курсот

Student

497

За студенти запиши за 497 € + ддв



  • Преку 80 видео лекции + 40 практични вежби
  • Доживотен пристап до практични вежби
  • Диплома од Google, allonweb и Digital Marketing Academy
  • Можност за плаќање на 5 рати со договор

Professional

€ 747

За компании и вработени запиши за 747 €+ ддв



  • Преку 80 видео лекции + 40 практични вежби
  • Доживотен пристап до практични вежби
  • Диплома од Google, allonweb и Digital Marketing Academy
  • Можност за плаќање на 5 рати со договор

Да повториме што добиваш!


✔ Преку 80 видео лекции од кои можеш учиш каде сакаш и кога сакаш
✔ Преку 40 практични вежби во затворената Facebook група
✔ Затворена Facebook група, во која има колеги со исти предизвици како твоите
✔ 4 месеци континуирана поддршка во вид на одговори на прашања
✔ Доживотен пристап до сите практични вежби во затворената Facebook група
✔ Google диплома за дигитален маркетинг
✔ allonweb сертификат за работа
✔ Digital Marketing Academy диплома за дигитален маркетинг

Зошто да учиш со allonweb?


allonweb е резултат на многу напорна работа и сакаме да ги пренесеме сите практични и применливи работи од дигиталниот маркетинг стекнати со тестирање и работење за многу домашни и странски компании.


Ванчо од  2002 година работи во секој аспект на медискиот бизнис од филмска индустрија, ТВ до нови медиуми. Во 2005 година ја продуцираше првата македонска видео игра и еден одговорните за он-лајн успехот на најгледаниот македонски филм “Боли ли” со над 26 милиони прегледи на YouTube. Во 2010 ја лансираше најголемата инвестиција во eCommerce-от во Македонија, Колектива како дел од Rebate network, најголема мрежа на eCommerce платформи во светот. Oбучувач и клиничар е на Бизнис Академијата Смилевски за дигитален маркетинг. Предавач е на програмата за дигитален маркетинг во CEED Македонија. Креатор на единствената продажна online кампања за McDonald's. Работи како консултант за online продажба и online менаџер за продажба на неколку травел платформи и online академии а од 2016 година е консултант на Златна Книга.


Билјана е новинарка и експертка за односи со јавност, предавач и ментор со над 1000 учесници на своите обуки и преку 200 одржани практични тренинзи во Македонија и регионот, која успешно го води НВО Инфоцентар веќе 15 години. 


Томислав Коцевски - Пепси е најуспешниот ТВ продуцент кој стои позади успесите на  Брза Кујна, Се или нешто, Пирамида и безброј други проекти со над 25 години искуство во продукција.


Проф. д-р. Предраг Кировски е професор и активен обучувач со над 45 години искуство во психијатријата, автор на безброј научни трудови а низ неговите раце имаат поминато над 20 генерации на студенти на Факултетот за медицина и Факултетот за Драмски уметности.


Овој концепт на акумулирано знаење ја дефинираше и самата програма на курсот, затоа што дигиталниот маркетинг пред се е микс на маркетинг, односи со јавност, продукција и психологија.


100% Гаранција за задоволство


За сите курсеви даваме 100% гаранција за задоволство или враќање на целиот уплатен износ во рок од 30 дена. Истото важи и за овој курс. 



Што значи тоа?


Ако после некое време сватиш дека allonweb не е за тебе, во рок од 30 дена, можеш да побараш враќање на уплатениот износ. Се што треба да направиш е да си го побараш уплатениот износ.
И тоа е тоа. Нема хартии, нема барања, нема одобренија, нема ситни букви - ги добиваш парите назад.

Најчести прашања

Дали овој курс е само за почетници?


Овој курс не е само за почетници. Откога ќе поминеш низ основите, ќе работиш со напредни техники и методи за рекламирање, креирање содржини, дефинирање на стратегија, цели и оптимизација.

Што ако немаш профил на Facebook?


Ако немаш профил на Facebook или не сакаш да го отвориш, овој курс не е за тебе. Најголемата предност на allonweb курсот е во затворената Facebook група, каде што се случуваат најкорисните и најубавите работи.

Може ли да се придружиш подоцна?

Нема да можеш се придружиш се додека оваа трета генерација не заврши со академијата.
Академијата ќе биде повторно отворена за уписи во септември 2021 година.

supported by 

 2018-2021 ©rafted by allonweb