9 предвидувања за пост Covid-19 светот

Се чита за: 3 минути

Прoчитајте ги деветте предвидувања на Forbes за тоа како ќе изгледа светот по пандемијата.

Додека Covid-19 бранува низ светот, истиот го принудува човештвото да се сврти кон иновации менувајки го начинот на кој работиме и живееме.

Предноста на сето ова е што луѓето и компаниите ќе бидат поотпорни во светот по Covid-19.

Прочитајте ги деветте предвидувања на Forbes за тоа како би можел да изгледа светот по пандемијата.

1. Повеќе безконтактни интерфејси и интеракцији

Не толку одамна, сите бевме импресионирани од екраните за допир и сè што тие нудат како можности. Сепак, Covid-19 ги ​​натера повеќето да бидат претпазливи при допирот на било која површина што може да се искористи за пренесување на болеста, така што во пост Covid-19 светот, очекуваме да има помалку екрани на допир и повеќе гласовни интерфејси и поврзување со машинска визија.

Пред Covid-19 бевме сведоци на достапноста на безконтактно плаќање преку мобилни уреди. Сепак, можностите за плаќање за стоки и услуги без физички контакт сега веројатно ќе стапат на сила. Очекувајте експанзија на интерфејси за гласовно и машинско препознавање на гласот лицето и гестикулациите за да се ограничи физичкиот контакт.

2. Зајакната дигитална инфраструктура

Covid-19 ги ​​натера луѓето забрзано да се прилагодат на работа од дома и изолација. Забрзано учење на дигитални решенија за состаноци, настава, обуки и многу други активности им овозможуваат на многумина да ја согледаат можноста за да ги продолжат овие практики во пост Covid-19 периодот.

Некои луѓе стануваат свесни дека патувањето во друга земја само за состанок не е толку битно и дека видео повиците можат да бидат ефективни за секаков вид состаноци. Децата исто така можат да завршат многу домашни задачи од дома, како што се часовите по музика.

  Лаптопoт во време на пандемија: чистење на лаптопот како превентивна мерка за заштита од Корона вирусот

3. Подобар мониторинг користејки „Интернет на нештата“ и Big Data

Денес во реално време ја гледаме моќта на податоците во врема на пандемија. Лекциите што ги учиме од ова искуство нè информираат како да ги следиме идните пандемии користејќи го Интернет на нештата и Big Data.

Националните или глобалните апликации можат да доведат до создавање на подобри системи за рано предупредување преку идентификување на луѓе со симптоми, преку „GPS“ податоци кои може да се користат за потенцијални контакти со луѓе. Како и да е, сите овие иновации мора да се применуваат земајки ја во предвид приватноста..

4. Развој на лекови со помош вештачка интелигенција (АI)

Колку побрзо можеме да создадеме и користиме ефикасен и безбеден лек и вакцини за Covid-19 и идните вируси, толку побрзо ќе бидат истите ограничени. „АI“ е идеален партнер во развојот на лекови затоа што може да ја забрза и надополни човечката активност.

Сегашната реалност има потреба од употреба на „АI“ во развојот на лекови во иднина.

5. Телемедицина

Со цел да се ограничи посетата на болниците, лекарите може да започнат со видео консултации. Некои американски даватели на медизински услуги го пробаа ова пред Covid-19, но сега интересот расте бидејќи се наметнува социјалната дистанца во сите области.

6. Зголемено онлајн купување

Иако имаше многу компании кои мислеа дека веќе го сфатиле кодот за купување преку Интернет, Covid-19 забрзано врши притисок врз системот како никогаш досега, со што се зголемува купувањето преку Интернет. Бизнисите што не нудат можности за купување преку Интернет се во опасност од уништување, а оние кои го користат тоа се обидуваат да ја зголемат понудата.

  7 работи за вашиот бизнис во време на COVID-19

Принудени од Covid-19, компаниите кои бараат решенија да останат конкурентни изнаоѓаат начини за повеќе онлајн услуги и покрај своите физички локации. Ќе има и подобрувања во логистиката и системите за испорака за да се исполни напливот на побарувачката.

7. Се повеќе се разгледува употреба на роботите

Роботите не се подложни на вируси. Без разлика дали се користи за испорака на храна, или во здравството, или во фабричко производство, компаниите се свесни за тоа како роботите би можеле да нè поддржат денес и да играат важна улога во пост Covid-19 светот или за време на некоја идна пандемија.

8. Повеќе дигитални настани

Организаторите и учесниците во разни настани се принудени да се префрлат на дигитални алтернативи, но се свесни дека и во двата случаи има предности и недостатоци. Forbes не очекува овие настани да бидат целосно заменети во пост Covid-19 светот, но тие веруваат дека организаторите ќе дојдат до начини на кои дигиталните аспекти можат да ги надополнат настаните со лично присуство.

Се предвидува нагло зголемување на бројот на хибридни настани, во кои дел од настанот ќе има присутни, а другиот дел ќе биде дигитален.

9. Раст на е-спортови

Спортските настани, организации и навивачи мораа да се соочат со одложувањето или откажувањето на целите сезони во нивниот омилен спорт заради Covid-19 .Сепак, е-спортовите нагло растат.

Сега има дури и електронска верзија на Ф1, и иако не е иста како традиционалната трка, таа обезбедува одреден број на фанови. За разлика од традиционалните спортови, е-спортот лесно може да се пренесува преку Интернет. Како и другите настани, Forbes предвидува повеќе хибридно покривање на спортските настани.

  Прирачник за успех во „Кризни времиња“

Covid-19 во моментов врши притисок врз нашите системи и трпеливоста, но исто така ја гради нашата еластичност и ни овозможува да развиваме нови и иновативни решенија кога ќе биде потребно.

Во пост Covid-19 светот, Forbes предвидува дека луѓето ќе ги научат своите лекции од она што се случува сега, и тоа ќе го направи светот подобро место за живеење.


 

Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.