Пандемијата COVID-19 се шири брзо, имаме лоши вести на секоја минута. Како што се развива ситуацијата, многу сопственици на мали бизниси не се сигурни какви чекори да преземат за да се намали ризикот, да се заштитат вработените и да се подржаат клиентите.
аllonweb креира и нуди пакет – алатки за COVID-19 усогласени со препораките на Министерството за Здравство за бизнисите и работницита низ целата земја. Ова се клучните точки и непосредните чекори кои ние ги препорачуваме.
Воспоставете опција за работа од дома
Се повеќе луѓе кои веќе работат на далечина од дома, има многу алатки кои сопствениците на бизниси можат да ги користат, така што тимовите можат да останат во контакт и да продолжат да работат дури и ако не се на исто место.
Имплементирајте политика за работа од дома што опфаќа – кога вашиот тим да биде на Интернет или достапен, како да комуницирате (на пример, преку е-маил, viber или видео повици) и кои работи може да ги заврши секој член на тимот.
Намалете ги состаноците и патувањата
Обидете се да ги задржите можностите за изложеност на вирусот на минимум. Одложете состаноци на тимот или одржете ги практично. Прескокнете и заборавете на било какви конференции или други планирани деловни патувања.
Ако вашите работници се разболат поради патувања или состаноци, би можеле да имате проблем со кривична одговорност и ќе менаџирате слаб морал на тимот и боледување.
Дајте флексибилноста на вработените
Факултетите, училиштата и градинките низ целата земја се затворени, како и многу канцеларии и трговските центри. Со тоа што земјата полека се движи кон тотално заклучување, ќе треба да бидете флексибилни со времето на вашите вработени.
Некои членови на тимот можеби ќе треба да заминат неочекувано ако нивното дете нема кој да го почува. Обидете се да имате колку што е можно подобро разбирање кога нешто ќе се појави и ќе имате план за вонредни состојби во случај ако одеднаш станете кратки на персонал.
Комуницирајте транспарентно со вашите клиенти
Сите заедно се соочуваат со оваа криза, затоа бидете транспарентни за тоа низ што минува бизнисот. Клиентите се соживуваат со брендовите и бизнисите кои се соочуваат со криза, се додека комуницирате правилно.
Кога клиентите не знаат што се работи вашиот бизнис тие ја ценат вашата услуга помалку. Опишете ги чекорите што ги преземате за да го намалите ризикот и дајте им увид во чекорите што ги преземате за да помогнете на заедницата.
Бидете опсесивни за хигиената
Престанете со ширењето на вирусот следејќи ги овие совети за здравје и безбедност:
Без ракувања: Користете неконтактни метод на поздравување.
Измијте ги рацете: Вработените треба да ги мијат рацете кога ќе пристигнат и секој пат кога ќе влезат во просториите, како и често во текот на денот.
Обидете се да не го допирате лицето и потсетете ги вработените да го сторат истото
Постојано и редовно дезинфицирајте ги површините, вклучително и магацини, рачки, ПОС системот, табели и клупи.
Чувајте ги вашите вработени и вашите клиенти безбедни со тоа што е можно попроактивно за чистотата.
Префрлете ја стратегијата за продажба на Интернет
Искуството на Кинеските бизниси, принудени да се борат со затаврање поради COVID-19 пред нас македонските бизниси, обезбедува план за пловење низ оваа бура. Додека продавниците ги затворија вратите и работниците останаа на работа, сопствениците на мали бизниси ја сменија својата стратегија за продажба за да избегнат поголеми загуби.
На пример, во Вухан, козметичката компанија Лин Кингхуан затвори 40% од своите продавници – но 100-те советници за убавина на брендот отидоа на дигитални платформи како WeChat за да ги ангажираат клиентите виртуелно и да ја зголемат продажбата на Интернет. „Како резултат, нејзината продажба во Вухан оствари раст од 200% во однос на продажбата на претходната година“.
Ако ја затворате продавницата, пронајдете начини да ги задржите вашите вработени да заработуваат плата со продажба на социјални медиуми, преку е- или со користење на видео-алатки за да достигнете до нови потебнцијални купувачи.
План за долг рок
Иако Кина и другите економии веќе започнаа да закрепнуваат, ширењето на COVID-19 сè уште се протега низ целиот свет, создавајќи бран на сила што ќе влијае врз нас некое време.
Како што е објавено во SmallBizTrends, “27% од бизнисите очекуваат COVID-19 да има умерено до големо влијание врз нивните приходи. Други 30% очекуваат вирусот да има умерено до големо влијание врз нивниот ланец на снабдување.”
Секојдневно разговарајте со добавувачите, инвеститорите, партнерите и локалните власти за да научите како можете да започнете да спроведувате заштитни мерки.
Можеби ќе потрае некое време додека вашиот бизнис не се врати на стар колосек.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.