Пандемијата на COVID-19 ги изнесе сите предности на онлајн трговијата и им даде важност на предвидувањата на Jack Ма, основачот на Алибаба, дека во 2030 година, онлајн трговијата ќе има до 90% удел во вкупниот број на трансакции.
- Дополнителен продажен канал – ако веќе имате класична продавници за малопродажба, зошто да не и дадете можност на онлајн продавница како дополнителен продажен канал што ќе стигне до нови потенцијални клиенти.
- Вашата конкуренција е веќе таму – додека се мислите и предомислувате некој веќе ја користи целата предност на онлајн маркетингот и се позиционира, и колку подолго сте надвор од игра, толку потешко ќе ви биде да се вклучите.
- Локација, достапност – преку онлајн продавницата можете да стигнете до клиенти кои се физички оддалечени од вас, испорачувате на територијата на цела Македонија а во некои случаи низ целиот свет.
- Услугите ги продавате низ цел свет, доколку продавате услуги и имата услуга која не е врзана само со нашата земја е причина повеќе да започнете веднаш!
- Не ви е потребна физичка локација канцеларија или дуќан – добрата онлајн продавница може да ви овозможи да продавате исклучиво преку Интернет и со тоа да ги оптимизирате трошоците и деловните активности.
- Заштеда на трошоците за складирање – трошоците за складирање се значајни за секоја компанија што тргува со стоки, продажбата преку Интернет носи значителни заштеди, како и други заштеди – вработување, простор, изнајмување.
- Заштедете време на клиентот – најважното нешто што можете да го направите за вашиот купувач или клиент е да му заштедите време, бидејќи времето е највредниот ресурс. Купување од дома и брза испорака, за секој едуциран клиент е се што ви е потребно.
Затоа онлајн продавницата не е повеќе луксуз, туку неопходност за сите бизниси кои се вклучени во продажба на стоки и услуги.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.