Правни прописи и регулативи – за многумина ова може да изгледа здодевно и најмалку важно, но всушност тоа е неопходен предуслов. Истражувајте, консултирајте се со поискусни луѓе и следете ги сите законски регулативи пред да започнете онлајн продавница.
Истражете го пазарот и конкуренцијата – универзален совет што важи за сите. Никогаш не пропуштајте да ги анализирате пазарот и конкурентите. Корисни методи се SWOT-анализа, страници кои мерат сообраќај, споредба на понуди и цени, итн.
Дефинирање на целниот клиент – создадете лице за вашиот купувач – buyer personа, односно слика на вашиот целен клиент со демографска и емотивна мапа. Тоа ќе ви помогне полесно да ја испорачате посакуваната порака за производот или услугата до вашиот целен клиент преку мапирање на патот на клиентот во продажната инка.
Избор на добар добавувач – не заборавајте дека сè што е поврзано со и околу производите купувачот го смета за ваша одговорност. Ако производот е со добар квалитет, ќе добиете добра репутација, ако не во очите на купувачот ќе бидете вие виновникот.
Избор на курирска услуга – курирските услуги во Македонија сè уште имаат релативно ниски цени за испорака и тоа е позитивно. Од друга страна, постојат евидентни проблеми кои ги имаат курирските услуги, како што се капацитет, квалитет на испорака, несоодветно складирање и слично. Двапати проценете ги добрите и лошите страни пред да донесете одлука.
Пакување – секогаш ставајте ја функционалноста пред убавината на прво место. Важно е производот да стигне до купувачот неоштетен, треба да сторите сé што е во ваша моќ и секогаш да внимавате на ова.
Брзина на испорака – добра организација на магацини, персонал и курирски услуги ја зголемува брзината на испорака и ова е многу важен елемент во задоволството на клиентите од купувањето преку Интернет.
Следете ги сезоните – сезонскиот фактор е присутен во продажбата преку Интернет, како и во редовната продажба. Направете календар на акции за секоја сезона и соодветно искористете ги важните датуми за својата онлајн продавница.
Брзина на одговор на прашањата – важно е клиентите да бидат задоволни, а вие тоа ќе го постигнете ако комуникацијата е транспарентна и клиентите добиваат информации на адекватен начин.
Постојана анализа и подготвеност за промени – ништо не е сигурно и конечно. Постојано анализирајте, пробајте нови работи и бидете подготвени за промени. Само тогаш ќе напредувате и ќе преживеете на пазарот.
Добрата услуга и квалитетен производ со внимателно креирана маркетинг стратегија секогаш носат одлични резултати за Вас и вашите потрошувачи.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.