15 работи кои треба двапати да се проверат пред лансирање на веб страна

Reading Time: 2 minutes

 

Сите знаеме дека лансирањето на нова веб страна е стресно – дури и за најголемите и најискусните дигитални маркетари.

Веб страните се сложени. Има толку многу работи кои лесно се занемаруваат, како скршен линк или погрешно напишан збор.

Не само ова, многу работи ако не ги провериме двапати, може лансирањето на веб страната да ни го направат кошмар.

Така ако не ја тестираме формата за прибирање на лидови – наши потенцијални купувачи, може да изгубиме многу од нив додека ја забележиме грешката.

Или уште полошо, ако заборавиме правилно да ги поставиме пренасочувања на страните, скапоцените посетители на пребарувачот ќе добијат порака дека не ја пронашле страната која ја бараат.

Наместо да се грижите за тоа, нели би било полесно да имате листа за проверка на веб страната пред да ја лансирате?

Листа за двојна проверка која е потребна независно дали лансираме една веб страна, портал, веб продавница или лендинг страна.

Тоа е истата листа што ние ја користиме во нашата агенција и листа што може да ја копирате, уредувате или да направите вашa сопствена, врз основа на софтверот кој го користите за да ја лансирате вашата веб страна.

Продолжете со читање за да бидете сигурни дека не заборавате нешто пред следното лансирање.

  1. Текстот за веб страната е лекториран. Правописот и граматиката се точни.
  2. Деталите за контакт со компанијата се точни на сите места на веб страната.
  3. Правата на сликите, фонтовите и другите содржини се соодветно лиценцирани и / или цитирани на веб страната.
  4. Веб страната е компатибилна со прелистувачите (IE 7 8, 9 и 10, Firefox, Chrome, Safari).
  5. Веб страната е компатибилна со сите уреди (Android, iPhone, таблети).
  6. Контакт формите испраќаат податоци правилно.
  7. Внатрешните линкови работат правилно.
  8. Иконите за споделување на социјални медиуми работат правилно.
  9. Логото на компанијата е поврзано со почетна страна на веб страната.
  10. Страните имаат уникатни наслови (помалку од 70 знаци, вклучувајки и клучни зборови).
  11. Страните имаат уникатни мета-описи (помалку од 156 карактери, вклучувајки и клучни зборови).
  12. Сметките на Google Webmaster и Google Analytics се правилно синхронизирани.
  13. Инсталирани се 24/7 мониторинг скрипти.
  14. Актуелната копија на веб страната тековно се креира и чува.
  15. Лозинките и другите ингеренции за веб страната се чуваат на сигурно место.
  За резултати во дигиталниот маркетинг, почни со веб страна

Лансирањето на нова веб страна може да биде мачна задача, но стресот може да го ублажите со помош на оваа листа за двојна проверка пред лансирање на вашата следна веб страна. Со среќа.


 

Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.