Истражување за клучни зборови Keyword-и – е корисно да се спроведе пред да се отвори онлајн продавницата, но и по започнувањето на продажба преку Интернет. Тоа ви покажува кои се точките каде можете да ја насочите својата сила, како сте перцепирани од клиентите и што е најважно, тоа покажува што е важно за клиентите и какви проблеми можете да решите за нив.
Мобилна (респонсивна) верзија – мој совет е секогаш ама баш секогаш да ја оптимизирате и гледате мобилната верзија на страницата, а потоа верзијата за десктоп. Значително повеќе посетители и нарачки на повеќето страници доаѓаат од мобилни уреди.
Брзина на страницата – заради должината на вниманието и не многу големата трпеливост на клиентите, направете ја страната брза. Грижете се за ова и постојано тестирајте ја брзината.
Навигација – овозможете лесна навигација за клиентите преку јасно мени, каде клиентот брзо и лесно ќе ги пронајде потребните производи или услуги.
Пребарување – во рамките на самата онлајн продавница, треба да имате добро оптимизирано пребарување што ќе го одведе клиентот до посакуваната дестинација.
Сведоштва – позитивните сведоштва на вашите стари клиенти се многу важен показател за вашите потенцијални клиенти и значаен фактор во донесувањето одлуки.
Повик за акција – на секое место каде што е можно, треба да има јасен повик за акција или белешка за клиентот што да направи следно.
Линкување – водете сметка за оптимизацијата, односно подобро рангирање на вашата страница кај пребарувачите. Добар начин да го направите ова е да се поврзете и линкувате со добро посетени веб страни.
Програми за лојалност – преку програмите за лојалност, го врзувате клиентот со вашата онлајн продавница и му давате причина повеќе повторно да се навраќа.
Корисни содржини – како совети, блогови и корисни текстови се добри за оптимизирање на онлајн продавницата и за градење на вашата репутација и авторитет на Интернет во посакуваната област.
Пробувајте, тестирајте, анализирајте, сменете … Онлајн продажбата е жива работа и ќе даде одлични резултати само за храбрите и посветените, оние кои веруваат во нивниот производ и никогаш не заборавајте дека клиентот е во центарот на вниманието, дека постоиме за да ги задоволиме неговите потреби.
