Ако сакате веб-странaта на вашиот бизнис да се појави на првата страна од пребарувањата на Google, оваа алатка сигурно ќе ви се допадне. Бидете креативни во вашата стратегија за оптимизација и поставување на профилот на Google Мy Business.
Што е Google My Business?
Google My Business или GMB е бесплатна алатка што им помага на сопствениците на мали бизниси да добијат бесплатен органски сообраќај од другите апликации за пребарување на Google како што се „Google Maps“ и „Knowledge graph“.
Честопати овие апликации ви помагаат да се појавите на првата страна од пребарувањата на Google и да ги надминете вашите конкуренти, имајки во предвид дека вашата веб-страна најверојатно е или била на втора страна или подоле при пребарување на Google.
Google My Business или GMB вообичаено го користат малите бизниси, бидејќи алатката овозможува да додадете информации, како на пример вашата адреса и работното време, но Google My Business работи подеднакво добро и за големите бизниси – а сепак е недоволно искористена, што е ваша предност доколку сакате да ги надминете вашите конкуренти.
Зошто треба да поставите профил на Google My Business?
Денес потрошив 15 минути истражувајки за Google My Business профилите за неколку добро познати фирми кај нас, но не најдов ниту еден профил.
Со поставување на вашиот Google My Business профил денес, ова е идеален начин за вас како мал но моќен бизнис да сте пред очите на клиентите и вашиот мал но моќен бизнис да се појави на првата страна од пребарувањата на Google.
Google My Business или GMB профилот нема да ја замени потребата за веб-страниа, но сега можете да споделувате информации за производите, како и бесконечно фотографии, видеа и содржини за да го привлечете вашиот клиент или клиент од соништата да ја посети вашата веб-страна.
Google My Business ви овозможува да остварите врска со вашите клиенти , да ја истакнете вашата експертиза, производи и вредност која ја давате, пред потенцијалниот клиент да ја посети вашата страница.
Не чекајте, започнете денес.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.