Ако ви кажам дека постои едноставен и економичен начин да го направите вашиот бизнис повидлив на интернет и во реалниот живот, сигурно би сакале да дознаете повеќе за тоа? Да, има и се вика Google My Business.
Што е Google My Business (GMB)?
Google My Business (GMB) е бесплатна алатка креирана од Google за да им помогне на сопствениците на бизнисите како да се појавуваат во резултатите од пребарувањето на Google и на „ Google Maps “.
Ако знаеме дека денес над 57% од целиот интернет сообраќакј е кон и од Google, Google My Business е нешто што не смеете да го немате заедно со веб страна.
Google My Business (попозната како GMB), порано познат како Google Local и Google Places) е бесплатна алатка за едноставна употреба која им помага на фирмите со физички локации самите да уредат како ќе се појавуваат на Google.
Ако сè уште немате Google My Business, денес е најдобро време да започнете!
Клучната разлика помеѓу Google My Business и другите бизнис директориуми е во тоа што Google My Business е оптимизиран со неверојатно детални информации кои Google ги поставува и доставува на најразлични позиции и места со голема видливост на интернет.
Верувајте ги знаете овие позиции јас само ќе ве потсетам кои се:
Google Knowledge Graph
Звучи малку комплицирано а сите го користиме Графикот на знаење на Google или полето кое што содржи информации за вашиот бизнис што се појавува во горниот десен агол на резултатите од пребарувањето на Google кога пребарувате од компјутер.
и блиску до горниот дел на мобилниот телефон, кога некој ја бара вашата фирма.
Во последниве години, содржината претставена од Google Knowledge Graph стана многу поинтерактивна. Отпрвин, имаше само статички содржини, како слики, профили на социјални медиуми и општи информации за пребарувањето.
Денес, Google Knowledge Graph постојано ги шири своите можности.
Ако барате филм, можете директно да резервирате билети за да го видите во локалното кино. Пребарајте локална продавница и точно знаете кога се најпрометните термини.
На мобилен телефон, резултати се уште побогати!
Google Local 3 Pack
Трите први места на Google што се појавуваат кога некој бара бизнис во одредена локација или околу одредена локација (на пр. „digitalen marketing skopje“).
Сигурно го видовте скриншотот погоре – и веројатно сте го виделе порано.
Google Local 3 Pack се трите прикажани листинзи кога пребарувате во Google за кој било локалeн бизнис што работи во одредена област.
На врвот на резултатите од вашето пребарување, строго под делот за реклами. Покрај тоа, ако овие бизниси имаат оценки од корисниците на Google, ќе ги видите и тие оценки.
Google maps
Апликацијата која секој од нас ја користи за да се добијат насоки и да се откријат бизниси и локации, достапна на сите уреди, мобилни и десктоп.
Google My Business (GMB) нуди сè што треба потенцијалниот клиент да ги пронајде и користи вашите услуги, да купи ваш производ или да ја посети вашата фирма. Откако ќе се регистрирате, можете да одговорите на прашања на клиентите, да додадете слики и многу повеќе за да му помогнете на вашиот бизнис да се истакне пред конуренцијата.
Едноставно, ако немате профил на Google My Business, воопшто не можете да се натпреварувате со другите, Google My Business заедно со веб страната е едно од првите нешта кои мора да ги имате денес.
Активно управувајте со профилот на Google My Business (GMB)
Google My Business им олеснува на клиентите да можат да ве најдат на интернет и на вашата физичка локација.
Но, треба вистински да се посветите на комплетирање на информациите за вашиот профил и редовно да правите ажурирање и оптимизација на вашиот профил.
Внесете целосни податоци за вашиот профил (не оставајте ништо на претпоставка)
Завршете го процесот на верификација (Откако ќе ги дадете потребните детали за верификација, Google ќе ви испрати писмо со ПИН. Откако ќе го добиете, едноставно внесете го во просторот обезбеден на вашиот профил и ќе бидете верификувани!
- Додадете фотографии и видеа. Верувајте ви требаат:
- Лого
- Заглавие / насловна слика
- Фотографии за да се означат карактеристиките на вашиот бизнис што клиентите ги разглдеуваат при донесување на одлуки за купување.
- Управувајте и одговорајте на коментарите на клиентите.
Зошто треба да се грижам за Google Мојот бизнис?
Оптимизиран GMB профил / листинг му помага на Google да разбере повеќе за вашиот бизнис: кои сте, какви услуги / производи продавате, каде се наоѓате, вашата адреса на веб-страница и кои се искуствата на вашите клиенти.
Придобивките од „ Google Мојот бизнис “ се трикратни:
- Зголемена видливост при пребарување.
- Подобро искуство за купување кај купувачите.
- Повеќе сообраќај кон вашата веб-страница, повеќе телефонски повици, поголема продажба
Колку повеќе Google знае за вас, толку повеќе ве има пребарувањата и имате поголема продажба .
Дали на локалниот бизнис сè уште му треба веб-страница?
Да, задолжително. Google My Business е влезна врата за пристап до вашиот бизнис при локално пребарување а веб страната е вашиот домот и затоа е сè уште клучна за вашиот бизнис.
Врз основа на типот на индустријата во која работите потребна ви е веб страна, при што на хотелите им е потребен висококвалитетен дизајн и фотографија,на водоводџиите им се потребни истакнати информации за контакт, списоци на услуги и препораки за клиенти итн..
Затоа на сите бизниси дефинитивно им е потребна веб-страница.
Како и да е, без оглед во која индустрија работите, Google веројатно ќе најде начин да користи информации од вашата страна за да се храни.
Конечно, мора да ја имаме предвид моќта на органскиот сообраќај. Знаеме дека сигналите на страницата и органскиот сообраќај сè уште можат да влијаат на вашиот локален ранг, затоа обидете се да ја оптимизирате и ажурирате вашата веб страна со одлична локална содржина.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.