Постојат многу бизниси, па дури и маркетинг агенции кои не се подготвени да започнат со работа на социјални медиуми. Едноставно не комуницираат со своите клиенти.
Социјални медиуми — алатки и платформи кои луѓето ги користат на интернет за да споделуваат мислења, искуства, погледи и било какви други информации едни со други. Друштвените медиуми може да користат различни форми: текст, слики, аудио и видео записи. Популарни социјални медиуми се блоговите, форумите, подкастите, вики-апликациите, влоговите, како и другите форми на друштвено вмрежување.
Терминот прва го употребила Тина Шарки, применувајќи го на форма на интернет содржини која ја сочинуваат членови на една заедница во 1997 година, по што го регистрирала доменот “socialmedia.com”. Подоцна терминот го популаризирал Крис Шипли, во контекст на обединувањето на блоговите, вики-апликациите, друштвените мрежи и сродните технологии во една нова форма наречена партиципативни медиуми.
Основната причина е стравот е дека ќе има некакви си “лоши реакции” од нивните клиенти, со што би се оштетил бизнисот и брендот???
Секако, постојат многу примери на погрешно работење на социјалните медиуми. Но најчесто овие случаи се должат на претерувања со постирање на продажни постови и содржини од типот купи – купи – купи.
Тоа што го гледам е дека повеќето бизниси иако имаат вистински резултати се плашат од своите клиенти поради недостатокот на искуство и знаење и ги нема на социјални медиуми.
Обраќањето кон една публика, без притоа да се креираат неколку замислени групи од таа публика е сосема погрешно.
Затоа, не е можно тие клиенти да ни наштетат на нашиот бизнис?
Верувајте, кога започнуваме со работа на социјални медиуми не треба да се плашиме од повратните информации и реакции од нашите клиенти? Напротив, тој фидбек е можност да се подобри работењето на нашиот бизнис.
Затоа не ги претпоставувајте најлошите сценарија, никогаш, и започнете со работа на социјални медиуми.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.