Секоја стратегија за социјални медиуми треба ја насочува организацијата да е повеќе социјална, отколку да прави рандом постови на социјални медиуми.
Чекор 1: Изградете крос-функционален тим за социјални медиуми
Никој не треба да е единствено задолжен за вашата стратегија за социјални медиуми во организацијата. Социјалното влијание треба да е на сите страни околу организацијата и треба да биде повеќе како воздух (насекаде) отколку како вода (каде се давите и морате да испливате за да преживеете).
Така, првиот чекор во процесот за креирање на стратегија за социјални медиуми е да се создаде крос-функционален тим кој ќе помогне да се осмисли и да се реализира секојдневно стратегијата за социјални медиуми. Одлучете кој ќе биде вклучен, вклучувајќи и вработени од продажба, поддршка, маркетинг, администрација итн.
Чекор 2: Поставете ги вашите цели?
Да, можете да користите социјални медиуми за да помогнете во остварување на неколку бизнис цели.
Но, најдобрите стратегии за социјални медиуми се оние кои се фокусираат (барем на почетокот) на една цел.
За што првенствено сакате да користите социјални медиуми? Подигање на Свесност? Продажба? Лојалност и задржување на клиенти? Изберете една цел.
Чекор 3: Слушајте ја вашата публика и конкуренцијата
Слушањето на публиката е добар совет кој често се игнорира. Реалноста е дека вашите следбеници, потрошувачи (и конкуренти) ќе ви дадат добар водич за тоа каде и како треба да бидете активни во социјалните медиуми, ако го “проширите вашето социјално слушање над стадиумот во кој се наоѓа вашата организација”.
Анализирајќи како и каде вашата публика комуницира може да ви заштеди скапоцено време и пари. Наместо да започнете од нула, пронајдете канали на кои можете да комуницирате со публиката со која веќе комуницирате (или се обидувате да комуницирате) со вашиот бренд.
Чекор 4: Идентификувајте ја вашата публика
Откако ќе започнете да ја слушате вашата публика, одлучете со кого ќе комуницирате на социјалните медиуми. Кои се демографските и психографските карактеристики на вашите сегашни или потенцијални клиенти? Како тоа влијае на она што може и треба да го комуницирате на социјалните медиуми?
Креирањето на “персони на публиката”, вклучувајќи го нивното онлајн однесување, вредности и предизвици, ќе ви помогне да одредите не само како да комуницирате со вашата публика, туку и од каде да продолжите со комуникацијата. Публиката на одредена демографија и однесување полесно се активира на некои канали од другите.
Чекор 5: Изберете метрики за успех во работата
Како ќе оцените дали тоа што го правите, прави разлика во вашиот бизнис? Кои клучни метрики ќе ги користите за да ја оцените ефикасноста на социјалните медиуми? Како ќе ги конвертирате лајковите и ангажманот?
Изборот на KPIs (клучни показатели за ефикасноста) поставува организациски очекувања за тоа како ќе се мери ROI-то на вашата работа на социјалните медиуми.
Стратегијата за социјални медиуми е долгорочен план (најсличен на планот кога слабееме), а не брз лек.
Успехот ќе се види, но тоа бара многу трпеливост и упорност. Паметните KPI и реалистични квантитативни тримесечни цели се неопходни за одржување на лидерството на долги релации.
Мерките на успехот на вашата организација се одраз на вашата експертиза. На пример, организации кои се во напреден стадиум на дигиталниот маркетинг ги следат клиентите преку продажна инка – од ангажман на социјалните медиуми до продажба. Организации кои се во почетен стадиум на дигиталниот маркетинг се фокусираат на досегот, импресиите и разните видови на ангажмани на публиката.
Чекор 6: Што е твојата единствена работа?
Да сте добар повеќе не е доволно: вашиот бренд и вашата содржина мора да бидат извонредни.
Што те разликува од конкуренцијата? Во време на дигитален хаос, вашиот бренд мора да има извонредни карактеристики кои пленат и ја ангажираат вашата публика.
Не е важно кој си или што продаваш. Вашите карактеристики на производот и придобивките не се доволни за да создадат возбуда и да се случи конверзија. Прашањето е како вашата организација преку социјалните медиуми ќе допре до срцето на вашата публика, а не до главата?
Disney не е само филмска продукција, Disney е фабрика за магија. Apple не е само технологија, Apple е фабрика за иновации.
Како ќе го постигнете ова?
Чекор 7: Направете план за канали
Само откако ќе знаете “зошто” воопшто сте активни на социјалните медиуми и како ќе го мерите успехот на социјалните медиуми, треба да започнете “како” тоа да го работите на Facebook, Twitter, Instagram или некој друг канал.
Планот за вашиот канал треба да ви помогне да разберете со која публика сакате да комуницирате, вашиот план за содржина и уреднички календар, потребни ресурси и како ќе го измерите успехот на секој конкретен канал.
Овој план треба да биде различен, со тоа што треба да имате специфична, логична причина за секој канал.
Мојот последен совет: мора да комуницирате како човек.
Така, вашата компанија мора (барем до одреден степен) да дејствува како личност, а не субјект. Размислете kако ќе го направите тоа?
Социјалните медиуми се за луѓе, не се за логоа.
Се што правите, правите со љубов!
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.