Што го прави WordPress посебен?

Се чита за: 2 минути

Meѓу ретките бесплатни работи на овој свет. И покрај тоа што во бизнис светот се вели „Не постои бесплатен ручек“, кај софтверот ова не е секогаш случај. WordPress е еден ваков пример, па затоа е многу поволен за да биде платформата на која ќе се потпира блогот и вашата идна веб страна.

WordPress заедница

Уште една предност која ја уживаат WordPress блоговите и веб страни. Лесно ќе најдете дизајнер што ќе ви направи дизајн по ваша мерка и ќе го отсликува корпоративниот дух, ќе го интегрира блогот со амбиентот од вашата примарна веб страница или ќе приспособи некој веќе постоечки дизајн (кој исто така може да биде бесплатен). Истото важи и доколку сакате некои посебни функционалности на блогот, но за тоа ќе ви треба програмер.

WordPress заедницата ги слуша потребите на корисниците, па со гласање се одлучува што ќе биде овозможено во следната верзија. Со WordPress вашиот бизнис блог и веб страна би биле во сигурни раце и можете мирно да спиете дека нема некои елементарни грешки да го нарушат вашиот кредибилитет.

Отворен код и оптимизација

Технологијата која е употребена за развивање на самата блог платформа (PHP) е една од најпопуларните во светот и што е поважно, целиот код за неа е отворен. Тоа значи дека доколку вашиот бизнис блог или веб страна користи WordPress, многу лесно ќе најдете девелопер на софтвер или дизајнер што може да го уреди неговиот изглед да биде по ваш вкус.

Веб пребарувачите (како Google и Bing) во целост ги разбираат содржините кои ги пласирате и им даваат големо значење при рангирањето на резултатите. Бизнис блогот или веб страната може да ви послужи како моќно SEO оружје за да се рангирате подобро за одредени клучни термини за вашиот пазар.

  Топ 7 Предности од дигиталниот маркетинг за вашите потрошувачи

Илјадници волонтери го градат WordPress, додека индустријата моќна 10 милијарди американски долари  зима една третина од веб-профитот. Што ги тера овие луѓе да дадат толку многу од своето време и енергија?

Што го прави WordPress посебен?

 

 

 


 

Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.