Денес, сме во состојба да го препознаеме имиџот на брендот или Brand image на многу компании преку нивното лого, дури и пред да го прочитаме слоганот или било каков текст за овие компании.
Толку сме навикнати да добиваме пораки за брендови, што целосно ги интернализиравме овие брендови. (Интернализацијата е пренесување на одредени надворешни норми, стандарди, врски и дејства на внатрешен, ментален план, кои на тој начин се доживуваат како свои).
Дали некогаш сте се запрашале како се случува ова? Јас го нарекувам ова „магично“ брендирање.
Во основа, имиџот пренесен од компанијата на нејзиниот бренд, е резултат на комбинација на комуникација со визуелните елементи.
Ова е затоа што човекот размислува визуелно и затоа и се сеќаваме повеќе на слики отколку на текстови. И ова е нешто што многу компании знаат да го искористат.
Затоа, важно е да се работи правилно на сите аспекти на имиџот на вашиот бренд, запомнете дека ова треба да биде меѓу приоритетите на вашата деловна стратегија.
Исто така, сега кога Интернетот презеде важна улога во нашите животи, тој мора да се смета како релевантен канал при планирање на идентитетот на брендот а со тоа и на имиџот на брендот на една компанија.
Ако интегрирате дигитални и традиционални канали, можете да создадете многу кохерентен и силен имиџ. Сепак, пред да започнете со вашиот бизнис, дури и ако сè уште немате бизнис на Интернет, треба целосно да разберете одредени концепти.
Затоа во овој блог ќе објаснам:
- Кој е Brand image-от на една компанија и како да се дефинира концептот
- Придобивки од добар Brand image
- Совети за подобрување на Brand image
Ако создавате нова слика за вашиот бренд или сакате да го оптимизирате имиџот на вашиот бренд, овој блог може да ви помогне да разберете како да го подобрите и искористите од аспект на некоја ваша кампања.
Што е Brand image на една компанија?
Првото нешто што треба да биде јасно е што навистина е значењето Brand image. Наспроти она што многу луѓе мислат, тоа не е поврзано само со визуелните аспекти, туку вклучува и многу повеќе.
Brand image се однесува на тоа како се перцепира компанијата. Ова значи, сè за што се залага оваа компанија, нејзините вредности и цели.
Дизајнот на имиџот на брендот се однесува на логото, но се работи и за концепти, графички дизајн на неговите различни аспекти, како и психолошка компонента која е одговорна за создавање емотивна врска со клиентот преку споделени културни вредности.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.