Get 20% off
your first walk!
Enter your email and we’ll send you your coupon
We won’t spam you.Your Privacy is protected.
Поддршка за сите производители, зeмјоделци и претприемачи од Македонија кои се борат со последиците од COVID-19 вирусот и вонредната состојба.
164 ВЕБ СТРАНИ
Акцијата ја води allonweb.us
Се прашувате колку долго ќе трае оваа состојба, како да се вратите во нормална работа и кога ќе помине пандемијата?
Закрепнувањето од ефектите на COVID-19 врз економијата ќе трае со години, една од клучните работи е да ја проширите вашата мрежа на купувачи и клиенти.
Ако немате веб страна, ова е вистинскиот момент да ја направите.
Да! Сè што треба да направите е да се пријавите на крајот од оваа страна, да ни доставите материјал (лого, текстови и фотографии), да изнајмите домен и хостинг а ние ќе ја направиме вашата веб страна целосно бесплатно!
Со цел да се олесни процесот за креирање на веб страната, ќе ви испратиме по емаил инструкции за достава на материјали и предлог избор на хостинг и домени (веб адреса).
Веб страната е направена во WordPress, со модерен дизајн, применлив за сите видови бизниси. Предноста на WordPress е што е екстремно лесен за работа. Без програмирање ќе можете сами да промените текстови, фотографии, цена на производ или услуга и слично. Заедно со веб страната подаруваме и мини обука за одржување. Секогаш можете да ја проширите вашата страна со онлајн продавница, блог, нови страни и апсолутно сè што може да ја подобри вашата презентација на Интернет и да го подобри вашиот бизнис.
За сите. Без разлика дали се занимавате со занаетчиство, адвокатура, книговодство, производство на органска храна или керамика, со еден збор - за секого! На оваа страна ќе можете целосно да го претставите вашиот бизнис.
Цената на домените е околу 16 евра, првата година (потоа околу 14 евра) а хостингот околу 50 евра + ДДВ годишно. Домените може да ги купите од било кој провајдер но многу побрзо за Вас е да се пријавите кога ќе се регистрирате и ние да купиме за хостинг, SSL сертификат и домен од нашите партнери и со тоа да ја поддржите целата кампања.