Колачињата (cookies) се мали делови на информации кои се чуваат на компјутер или друг уред (мобилен телефон, таблет, итн). Веб прелистувачот ги испраќа овие колачиња назад кон веб страницата при секоја Ваша посета и помага на веб страната да ја сочува информацијата за Вашите кориснички преференци. Ако сакате да добиете подетални информации во врска со колачињата и нивната функционалност, може да го посетите http://www.aboutcookies.org/.
Секогаш кога ќе ја посетите една веб страница преку колачиња или други технологии може да се собираат информации. Со користењето на оваа веб страна, Вие се согласувате со користење колачиња, како што е опишано во делот од веб страната каде е поместена секоја една политика за користење на колачиња.
Колачиња кој најчесто ги користат веб страните
Тип на колаче | Име на колаче | Цел на користење |
Google analytics | utma
_utmb _utmc _utmz _ga _gali _gat _gid |
Овие колачиња се користат за следење на перформансите на нашата страница. Ние ги користиме информациите за да ни помогнеме да ја подобриме веб страна. Колачињата ги собираат информациите во анонимна форма, вклучувајќи го и бројот на посети на нашата страница, од каде доаќаат посетителите на страната и страниците што ги посетиле.
За да се откажете од следењето од Google Analytics на сите веб-страници посетете http://tools.google.com/dlpage/gaoptout. |
Youtube preferences | ||
Language preferences | qtrans_front_language | Колаче за да се запамети изборот на јазик на корисникот |
Google Maps | gsScrollPos* | Google Maps колаче |
APISID, NID, SID, 1P_JAR | Овие колачиња ги користи Google за прикажување на персонализирани реклами на сајтови на Google, врз основа на неодамнешни пребарувања и претходни интеракции. | |
HSID, SSID, APISID, SAPISID | Колачињата HSID, SSID, APISID и SAPISID му овозможуваат на Google да собира информации за корисниците за видеа кои ги посетува YouTube. |
Како да ги контролирате колачињата?
Посетувајќи ја секоја веб страна Вие се согласувате со користењето на колачиња. Секоја веб страна Ви овозможува да ги контролирате и управувате колачињата кои ги користи. Секогаш имајте предвид дека отстранувањето или блокирањето на колачињата може да го ограничи Вашиот пристап до одредени функции на таа веб страна.
Директен Маркетинг
Некои од веб страните користат колачиња кои помагаат да Ви обезбедат содржини преку насочено рекламирање, кое е од значење за Вас и Вашите интереси. Вие можете во секое време да побарате од веб страната да престане да ги користи вашите лични податоци за директен маркетинг. Ако сакате да го направите ова, Ве молиме контактирајте ја веб странат.
Социјални копчиња
Социјалните копчиња им овозможуваат на корисници на една веб страна да споделуваат или да обележуваат веб страници. Тоа се копчиња на трети страни, кои што можат да запишуваат информации за Вашите сесии на интернет. Веб страните не може да ги ограничат овие веб страници да собираат информации за користената содржина.
Надворешни веб услуги
Надворешните веб сервиси на една веб страна најчесто се користи како форма за најава. Како во случајот со социјалните копчиња, веб страната не може да ги ограничи овие веб страни да собираат информации за користената содржина.
Контрола на прелистувачот
Повеќето прелистувачи Ви овозможуваат да ги ограничите или избришете одредени видови колачиња, како и да блокирате колачиња од одредени веб страници. За информација како да го подесите Вашиот прелистувач, за да ги блокирате или филтрирате колачињата, посетете го http://www.aboutcookies.org/ или http://www.cookiecentral.com/faq/.
Како Chrome им дозволува на колачињата да ве следат
Chrome пополека но сигурно како најкористен пребарувач стана налик на спајвер, дозволувајќи повеќе колачиња за следење од кој било друг прелистувач.
Еден од уредниците на Washington Post Geoffrey A. Fowler преку видео ни претстави како би се однесувале колачињата во вистинскиот живот и дава совети за повниматлно читање на страниците за приватност на секоја една веб страна.
Ако сакате да ги зголемите резултатите, ефективноста или имате прашање за било која област од дигиталниот маркетинг закажете бесплатна консултација со клик на овој линк.