Digital Weekend on the Beach
? Време е за твој UPGRADE! ?
Digital Weekend on the Beach
? Време е за твој UPGRADE! ? >>>
Го надгради лаптопoт и телефонот? Го надгради софтверот за сметководство?
Во време на брзи промени, тоа веќе не е доволно. Време е за твој UPGRADE!
Зошто Digital Weekend on the Beach
Многу често фирмите градат скап дигитален или интернет имот – веб страници, блогови, страници на Facebook, профили на Instagram, профили на LinkedIn, канали на YouTube и што уште не, само затоа што сите сите други го прават тоа.
Секој е на Facebook и секој има Facebook страна - па и ние затоа имаме Facebook страна - е најчестиот одговор.
Без ниту на миг да се помисли за стратегија или раководење со тој имот. Резулататот од ова се различни интернет имоти кои се расфрлани насекаде и кои тотално ги збунуваат потрошувачите.
Од суштинско значење е пред да започнеме да имплементираме нешто на интернет, да имаме стратегија која ги интегрира сите офлајн и онлајн средства и активности, така да сите елементи играат добро координирани, но сепак различни улоги.
Комуникацијата и сликите за нашиот производ или услуга остануваат неприметливи, бидејќи лутаме низ разни канали а притоа немаме во предвид дека секој канал и техника придонесува постепено кон градење на идентитетот на нашиот производ или услуга.
Digital Weekend on the Beach ќе ти помогне да ги постигнеш овие резултати. Да добиеш јасна слика на сите аспекти на дигиталниот маркетинг и истите ти овозможат алатки, техники и знаења за развивање на кохезивни пазарни стратегии и подготвување за извршување на ефективни дигитални маркетинг кампањи.
20 години искуство
Комплетна обука
100% задоволство
Цели Digital Weekend on the Beach
Со цел да бидеш поефикасен во развивањето и спроведувањето на дигиталните маркетинг стратегии, Digital Weekend on the Beach ќе ти помогне да:
- Разбереш како интернетот го трансформира начинот на кој брендовите комуницираат со потрошувачите и ги вреднуваат и практикуваат новите правила и перспективи.
- Разбереш како да се прилагодуваш
- Добиеш знаења за алатки и техники потребни за да успее во ова нова медиумска средина.
- Научиш како да развиваш и спроведуваш планови за дигитален маркетинг, вклучувајќи и креирање на веб страни и оптимизација, развој на интересна содржина, употреба на социјални медиуми, рекламирање, конверзија и водење на потрошувачите, како и следење и мониторирање на однесувањето на потрошувачите.
- Се запознаеш со основите и виталните концепти на рекламирањето и комуникацијата.
- Добиеш чувство за тоа како функционира рекламирањето и кои механизми најдобро функционираат за различни маркетинг цели.
- Научиш како да ги цениш и евалуираш перформансите на дигиталните маркетинг кампањи преку бихејвиорални и атитудионални мерки и метрики со цел да искористиш што поширок спектар на дигитални и аналитички алатки и техники за следење на потрошувачите.
- Стекнеш разбирање за тоа како аналитичките техники и истражувачки процеси се рафинирани и ре-конструирани, во мулти медиумската средина на маркетингот и рекламирањето.
За кого е наменет Digital Weekend on the Beach
Со оглед на истакнатиот фокус на пракса на дигитален маркетинг, Digital Weekend on the Beach е прилагоден на потребите на сите кои работат маркетинг и продажба, како во B2C така во B2B сегмент.
Digital Weekend on the Beach е корисен и за професионалци во други области кои треба да ги прилагодат своите бизниси кон дигиталниот маркетинг и продажба.
Агенда на Digital Weekend on the Beach
Работилницата се состои од 5 сесии, секоја дизајнирана за постигнување на една или повеќе цели на учење.
1. Совети и грешки кога водиме маркетинг на социјални медиуми
Преку студија на случај, оваа сесија ќе ти даде вистински полезни знаења за употребата на социјалните медиуми.
Како да ги разбереме потребите на потрошувачите и да го ревитализираме - оживееме брендот.
Како учесник ќе ги научиш предностите и ограничувањата на употребата на содржини генерирани од корисниците при донесување деловни одлуки.
Исто така, ќе ја научиш комплексноста на управувањето со брендот како и комуникација и управување со криза од аспект на односи со јавност, се во контекст на социјалните медиуми.
Обичните луѓе преку социјалните медиуми се во интеракција и соработуваат со огромна брзина, дофат и ефективност. Ова има големо влијание врз општеството како и менувањето на политичките, економските и културните пејсажи низ целиот свет.
Оваа сесија дава разбирање за влијанието што го имаат социјалните медиуми врз владите, пазарите и општеството во целина.
Ги истакнуваме клучните лекции за пазарот и нагласуваме како се менуваат правилата и перспективите.
На сесијата се разгледуваат и концепти како што се social listening, social groups, permission marketing, inbound и outbound marketing, buzz marketing, co-creation и crowd sourcing како и способноста во виртуелниот свет да креираме long tail понуда на производи.
Преку овие предавања се здобивате со целосни знаења за тоа како маркетингот мора да се менува за да успееме во социјалниот живот.
3. Дигитален маркетинг - што се е потребно за да се успее
Секој мора да се прилагоди. Секој мора да го прифати дигиталниот маркетинг и продажба, на секој му треба мулти медиумска и мулти канална стратегија за привлекување, конвертирање и задржување на клиентите.
На веб страните, мора да привлекуваме клиенти преку креирање и сервисирање на корисни, релевантни и интересни информации.
Ова е спротивно на конвенционалните медиуми, кои вклучуваат различни форми на "купување" внимание за да ги продадеме нашите производи и услуги на потрошувачите.
Преку разбирање на можностите и заканите, како и новите рамки, алатки и техники, оваа сесија дава суштинско разбирање за тоа како да се успее во дигиталната ера.
Овој дел опфаќа широк спектар на платформи, вклучувајќи веб страни и апликации.
Таа опфаќа широк спектар на дигитални рекламни и комуникациски опции, вклучувајќи search advertising, рекламирање на социјални медиуми, со акцент на главните социјални платформи, како што се Facebook, Instagram и YouTube .
Во оваа сесија имаме посветено и дел за за персонализација, оптимизација на пребарувачи и веб аналитика.
4. Дигитален маркетинг - планирање и извршување
Сесијата обезбедува систематски водич за извршување на плановите за дигитален маркетинг. Тука ги опфаќаме клучните аспекти на дигиталниот маркетинг вклучувајќи развој на веб страна и оптимизација, шема на корисни содржини, користењеи водење на социјални медиуми, платено рекламирање, шема на конверзија, мерки и метрики со цел да да искористиш што поширок спектар на дигитални и аналитички алатки и техники за следење на потрошувачите.
Најважно е учесниците да ги научат различните аспекти на дигиталниот маркетинг преку разни практични вежби.
Тука ги испитуваме веб страните, вклучувајќи ја и веб странита на својаат компанија, за да се процени и да се оцени како таа работи во однос на клучните цели и показатели, земајќи ги во предвид можностите и стратегиите за дигитален маркетинг.
Ќе научиме за позитивните аспекти на веб страните и за областите каде што треба да се подобри страната а сесијата завршува со евалуација и препораки со кои може да дејствува секој учесник.
5. Како рекламирањето функционира
Оваа сесија е посветена главно на разбирање на тоа како функционираат рекламите, механизмите и клучните теми - уверување, убедување, симпатичноста, симболизмот, односот, емоциите - кои ја формираат основата на многу теории за рекламирањето.
Сесијата ни дава разбирање на состојките кои го прават рекламирањето ефективно и влијателно, во контекст на различните комуникациски цели на различни категории производи.
За Crown Hotel
Лоциран директно на море покрај Nea Skioni, Crown Hotel со неговата единствена положба, нуди многу можности за бројни активности во текот на цела година.
Во топлите летни денови можете да уживате на убавите приватни плажи со лежалки и чадори кои што ги обезбедивме за вас или во текот на зимата може да ги пробате термалните бањи во Loutra, кои што се оддалечени само 4км од хотелот.
На само неколку чекори се нaоѓаат традиционални таверни каде што можете да пробате традиционална Грчка кујна, гледајќи на градското пристаниште.
Со својата мирна но сепак динамична околина, Ви гарантираме дека ќе имате пријатен и релаксиран престој.
Хотелските соби се од различен вид и со различна големина, се со цел да се задоволат Вашите потреби. Она што не прави единствени е тоа што секоја соба има непречен поглед на убавото Егејско море.
Секоја соба е опремена со ТВ со рамен екран со сателитски канали, приватно капатило, балкон со поглед на морето, мал фрижидер, клима уред и бесплатен безжичен интернет.
Котизација
Едно лице
197 €
Две лица
247 €